Кинески град буквално се дави во ѓубре

Ако сте мислеле дека имате проблем со ѓубрето во вашата околина, погледнете со што се соочени жителите на оваа населба во Сијан, главен град на кинеската провинција Шанси.

Улиците кои се наоѓаат меѓу високите згради и покрај детското игралиште не се гледаат од ѓубре: стар мебел, градежен шут, фрлена храна и амбалажи.

Не е познато зошто отпадот, што веќе е тука десетина дена, не е отстранет.

Претходно оваа година, „Дејли мејл“ пишуваше за тоа дека луѓето кои со воз патуваат во најголемите градови во Кина, мора да газат низ ѓубре до колена, расфрлано по подот на вагоните.