Кинески хороскоп за април

Април е месец на промени, па најдобро ќе поминат оние што се флексибилни и особено оние што се подготвени на промена на плановите. Прочитајте што се можете да очекувате овој месец според кинеската астрологија!

Глушец

Ако сте со партнерот само поради забава, тогаш тоа е она што треба да го правите – да се забавувате! Немојте да го сфаќате премногу сериозно односот во којшто чувствувате дека не сте доволно длабоко заинтересирани за другата страна. На професионален план, сериозноста е задолжителна. Ќе редите успех по успех, па дури може да се случи некој Гордиев јазол што долго ве измачувал да се реши сам по себе.

Бивол

Овој месец работете на вашите комуникации! Од професионалниот план, на којшто можете да покажете барем малку дружељубивост, па се до романтичните средби за време на кои што долгите разговори ќе ви обезбедат точна проценка на вашите нови познаници! Од почетокот на Младата Месечина, стапува добриот период да поработите врз себе си.

Тигар

Пролетта е време за опуштање за вас, драги Тигри. Заборавете на студените денови што замрзнаа еден мошне важен однос. Оние што копнеат за нова љубов не треба да се залетуваат. Зрелоста, а не незрелоста, предаденоста а не лесни ветувања – тоа треба да го цените и да го негувате. На работното место немојте да се срамите да покажете ако нешто не знаете. Прашајте и ќе ви биде кажано.

Зајак

Април ви носи прекрасно изненадување, а од една неочекувана средба може дури и да се роди врска. Опуштете се и бидете подготвени на нежните пролетни флертови затоа што забавната комуникација може само да ви годи. На работното место може да има некои непријатности, но не придавајте им го она значење што истите го немаат – за фантазијата нема место во таквите односи.

Змеј

Немојте да паничите поради ситуациите на работното место. Компликациите што ве очекуваат во текот на овој месец ви носат и можност за поволни промени – имате неколку недели на располагање за да научите многу. Ќе има новости и на романтичен план, ако сте веќе во емотивна врска, погрижете се низ неа да помине некој нов, свеж воздух – менувајте ги навиките!

Змија (повеќе за овој и за останатите знаци на следната страна…)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.