Кинески хороскоп за април

Змија

Вашата мантра овој месец е –златна средна! Тоа е позицијата од којашто на професионален план ќе можете се да гледате, а ако морате да дејствувате, ќе имате барем полн увид во сите аспекти. Воздржаноста ќе ви донесе предност и на емотивен план – не дозволувајте срцето да ви го украде некој што утре ќе исчезне заедно со него.

Коњ

За вас ова е месец на професионално усовршување, а ќе почуствувате колку е добро кога тимот функционира со полна сила. Април ветува и љубовна магија и тоа уште на првиот состанок – ако почувствувате струен удар препуштете се.

Коза

Само времето може да покаже дали вашата романса има длабочина и сериозност – сега тоа е невозможно да се заклучи. Дури и оние што само копнеат за љубов треба да покажат трпение и подготвеност за неколку средби, затоа што првата средба нема ништо да открие. На полето на кариерата ве очекува застој, но само кога станува збор за напредувањето – работа, за среќа, нема да ви фали.

Мајмун

Платонската љубов е единственото на што можете да сметате во април, но се’ се менува и ова постојано мора да го имате на ум. Ќе се промените и вие на работен план затоа што вашите желби со брзо темпо се менуваат, а во голема мерка и вашиот став за некои важни прашања во кариерата. Ако сте во стабилна љубовна врска, потрудете се и партнерот да знае за вашите планови.

Петел

Ако во нечие друштво се осеќате истовремено и опуштено и пријатно и заинтригирано и возбудено, а таа личност ја гледате прв пат во животот, тоа е доволна причина да обрнете внимание. Може лесно да се случи таа средба да го промени вашиот живот. Ако веќе сте вљубени, не ги пропуштајте миговите тоа јасно да и’ го покажете на саканата личност. На работното место, водете сметка за комуникацијата, без разлика дали се работи за усмена или пишана комуникација. Нијансите може да бидат важни.

Куче

Овој месец ве очекува некое прекрасно познанство, а тоа може дури да биде и вашата сродна душа. Окружени со пријателски вибрации, ќе бидете подготвени да возвратите на прекрасниот знак на универзумот. На работно место, ќе следуваат само пофалби, а можно е да пристигне и некоја награда – ако не парична, тогаш во вид на слободни денови. А тоа е она што вреди најмногу, зарем не?

Свиња

Промени, промени и промени – тоа е вашиот априлски знак, подзнак и елемент. Во така разнишаната фаза, немојте да дозволите лесно да ве импресионираат во романтичната средба. Бидете трпеливи, внимателни, склони кон планирање. Истиот рецепт користете го и на полето на кариерата.