Кинески хороскоп за месец мај

Несебичната љубов е вашиот клуч за мај ако сте родени во знакот Коњ, додека Змејовите треба да се обидат да останат фокусирани…

kineski_horoskopppp

Свиња

Најдете сила за компромиси. Ова е пораката што ви ја носи овој месец. Секогаш постои можност за повлекување и за препуштање одреден простор на партнерот, како на работен, така и на емотивен план. Размислете малку: зарем не е тоа советот што би го дале и на вашите пријатели?

Куче

Новините на работното место ќе го обележат овој мај. Тоа значи и зголемен обем на работата, но и потребата и понатаму да внимавате на секој детал. Напорно, но неизбежно. На романтичен план очекувајте возбудување од оној правец на кој досега воопшто не сте обраќале внимание.

Петел

Љубов, љубов, љубов – така се вика овој месец во вашиот речник. Да. Конечно можете да очекувате дека ќе го почувствувате топлото струење во срцето, а на работа ќе доживеете наплив на потполно нова енергија. Евентуалниот отпор на соработниците не треба да ве загрижува – тој е привремен.

Мајмун

Немојте да дозволите крајот на еден важен деловен однос да ви го расипе расположението овој месец. За вас се отвора ново поглавје, а и за романтичните односи ќе биде потребно вашето зголемено внимание. Најдете енергија за тоа.

Коза

Дали конечно се остваруваат сите ваши романтични молитви? Мај ќе ви донесе важен увид, а високата емоционална интелегенција добро ќе ви дојде на професионален план. Таа исто така ќе ви помогне и за да избегнете голем ризик од непријатната ситуација што веќе еднаш сте ја искусиле.

Коњ

Несебичната љубов е ваш клуч за овој месец. Бидете топли, но сериозни, романтични и доволно мудри за вашиот однос да го добие обликот што уште од почетокот го посакувате. На работното место останете фокусирани и внимателно следете ја конкуренцијата.

Змија

Обидете се да останете фокусирани пред магичните романтични предизвици што ви се подготвуваат месецов. Ако нешто ве потсеќа на промашената љубов од минатото, голема е шансата тоа да стане извор за ново разочарување. На работното место не е место за опуштање. Подобро е да задржите сериозен и професионален став туку да направите пропусти за што подоцна најмногу ќе жалите.

Змеј

Полека и внимателно на интимен план, тоа е советот што ви е потребен за овој месец. Вербалните вештини ќе ви бидат од голема помош, затоа што вашиот настап станува мошне попријатен кога ќе ја образложите вашата позиција. На работното место очекувајте конкуренција, средете се што можете и не оставајте неуредни проекти во последната фаза.

Зајак

Нема да запознаете никој нов ако постојано се движите по старите патеки. Малку сте занишани во вашиот сладок познат свет, но нестабилноста за вас е добар избор само на професионален план во периодот на мај. Од периодот на младата Месечина, дури и на работното место би било добро да ги планирате новите настапи.

Тигар

Накрај ќе успеете да ги водите оние разговори што одамна посакувате да ги водите. Бидете директни, ова е вистинска прилика да се претставите во најдобро светло. Романсата е на повидок, не дозволувајте старите спомени да ви го заматат погледот кон иднината.

Бивол

Мај ви носи голем број шанси – како на работен, така и на емотивен план. Отворете ги очите и срцето за нови познанства. А и за оние што ги сметате за стари и одамна подредени во пријатели за кои нема можност емоциите да се продлабочат. Опуштање – тоа е тоа што ви недостасува.

Глушец

Внимателност – тоа е клучниот збор за вас, а посебно е важно сите доверливи информации да ги задржите за себе, па дури и на личен план повеќе се потпирате врз себе си отколку врз пријателите и семејството. Спонтаноста е добра особеност, но овој месец нема да ви оди во прилог. Најдобро е да ја ограничите колку повеќе можете.