Кинески изум: Невидлив чадор кој работи на воздух

Што ако некој ви каже дека од сега не мора да се борите со превитканиот чадор додека дува, ниту со железата кои постојано се вадат? По овој изум дефинитивно ќе му поверувате!

genijalno-kinezite-izmislija-nevidliv-cador-koj-raboti-na-vozduh-01.jpg

Кинескиот дизајн за новиот чадор по малку наликува како штотуку да излегол од некој нереален, научно фантастичен филм, но истовремено делува неверојатно практично.

Осмислуван е повеќе од 2 години од тим кинески дизајнери кои сакале целосно да го променат концептот за чадорот.

Крајниот резултат изгледа вака – има рачка долга од 30 до 80 сантиметри, зависно од моделот и работи исклучиво на воздух.

 

Принципот на работа е генијален, а толку едноставен. Во централниот дел над рачката има мотор кој го користи воздухот за буквално ги избрка капките дожд околу вас.

genijalno-kinezite-izmislija-nevidliv-cador-koj-raboti-na-vozduh-05.jpg

Првичниот модел може да собере максимум двајца, ако дождот е силен.

Планот е уште еднаш добро да се размислат сите надградби на овој модел, пред да почне да се продава во декември 2015-та.