недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Кинески Рецепт: Кисел ѓумбир – совршен додаток за јадења и салати

Киселиот ѓумбир е традиционален кинески додаток на суши и сашими, а мошне е лесно да го подготвите дома. Кога е тенко исечен, киселиот ѓумбир може да биде совршен додаток и за ориентални салати.

kisel-gjumbir

Поврзани вести

Киселиот ѓумбир е традиционален кинески додаток на суши и сашими, а мошне е лесно да го подготвите дома. Кога е тенко исечен, киселиот ѓумбир може да биде совршен додаток и за ориентални салати.

Состојки:

  • 450 грама излупен свеж корен од ѓумбир
  • 1 супена лажица сол
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 200 грама вински оцет
  • 2 ѕвездички анасон (доколку сакате)

Подготовка:

Исечете го ѓумбирот на тенки ленти со помош на ноже за лупење овошје или со ренде. Ставете го ѓумбирот во сад, наросете сол и оставете да отстои околу 1 час, а потоа исплакнете го со ладна вода и исушете го со помош на кујнска хартија.

Ставете го шеќерот, оцетот и 100 мл вода во тенџере. Полека загрејте ја смесата и мешајте додека да се растопи шеќерот. Оставете да проврие 2-3 минути, а потоа тргнете го од оган и оставете малку да се олади.

Ставете го ѓумбирот во топли, стерилизирани тегли. Ставете по една ѕвездичка анасон во секоја тегла (по желба) и дополнете ги теглите со подготвениот оцет. Запечатете ги теглите, оставете да се оладат, а потоа ставете ги во фрижидер.

Со текот на времето, киселиот ѓумбир ќе стане црвен.

За лековитите дејства на ѓумбирот, повеќе на следниот линк.

 

Најчитани вести