Кинески таксисти се обиделе да се отрујат

Најмалку 30 таксисти од Кина се обиделе да се самоубијат со пиење отровни хемикалии, во знак на протест поради владините мерки во врска со возењето такси.

Таксистите се пронајдени онесвестени на еден паркинг во Пекинг, меѓутоа никој од нив не е во животна опасност.

Сите таксисти кои се обиделе да извршат групно самоубиство, се од североисточната покраина Хеилонџанг која се граничи со Русија и не работеле за официјални компании, туку во договор со локалните власти.