вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

Кинески тинејџер пронајден во багаж на аеродромот во Дубаи

куфери

Последни вести

Вработени на аеродромот во Дубаи меѓу багажот што приситгнал со авион од Шангај, откриле еден млад Кинез, јави ДПА.

Кинезот, именуван само како Ксу, кој има само 16 години, изјавил дека му било „многу удобно“ во одделот за багаж за време на деветчасовниот лет од Шангај до Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), иако не јадел ништо.

Вештото момче успешно ги прескокнало оградите на шангајскиот аеродром, по што стигнало до одделот за багаж и се сокрило во еден од куферите, додека надзорниците не гледале,

Неговите мотиви за нелегалниот транспорт биле од финансиска природа.

Ксу рекол дека се упатил кон Дубаи, бидејќи „таму дури и просјаците заработуваат добро“.

Весникот „Дејли сабах“ наведува дека овој илегален имигрант од градот Бажонг во кинеската провинција Сечуан не бил уапсен, само затоа што е малолетен.

Откако полицијата и конзуларните претставници го расчистиле случајот, илегалниот мигрант тинејџер бил спроведен до аеродромот со придружба. Се чека негова депортација.

Најчитани вести