Кинески „Веибо“ ќе отвори 5.000 нови работни места во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска заедно со владината делегација присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Гвангжу кој е главен град на кинеската провинција Гвангдонг. Бизнис форумот е организиран во соработка со Веибо групацијата која што веќе има објавено дека ќе инвестира во Североисточниот дел на Република Македонија и ќе отвори 5 000 нови работни места во рамките на нивните капацитети.

На бизнис форумот присуствуваа повеќе од шеесетина претставници на компании од областа на автомобилската индустрија, електрониката, енергетиката, инженерството, банкарството, инвестициски фондови, текстилната и кожарската индустрија. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните ги објасни поволностите и предностите кои нашата држава ги овозможува на странските инвеститори. Премиерот Груевски во рамките на своето обраќање се осврна на реформите кои се спроведуваат, а чија цел е подобрување и унапредување на бизнис климата на Република Македонија. Тој ги истакна најниските трошоци за правење на бизнис во Европа кои ги овозможува Македонија, поволностите во технолошко-индустриските развојни зони и инвестициите во образованието, во насока на креирање на способна и едуцирана работна сила. Тој акцент стави на макроекономските индикатори кои што креираат предвидливо економско опкружување кое е потребно за бизнис секторот.

Biznis Forum vo Gvangdong NR KIna-3

„Имаме солиден раст, на пример минатата година ја завршивме со раст на БДП од околу 3.1% што беше трет најголем раст во Европа во 2013 година. Оваа година во првиот квартал ние имаме раст на БДП од 3.9% што е прв најдобар резултат во Европа“, изјави пред присутните премиерот Никола Груевски.

Во име на властите на Гвангдонг се обрати Ву Кент. Тој даде позитивна оценка за бизнис форумот кој што го одржува македонската Влада истакнувајќи дека на овој начин се градат многу поволни врски за соработка помеѓу двете страни. Г-динот Ву Кент истакна дека Македонија нуди добри можности за инвестиции на компаниите од Гвангдонг и посочи дека властите ги охрабруваат бизнисмените од Гвангдонг да инвестираат во Македонија.

Biznis Forum vo Gvangdong NR KIna-2

„Со својот уникатен економски план и Република Македонија и Гвангдонг се во критична фаза на својата индустриска трансформација и надградување. Двете страни имаат свои комплементарности и пред нив стои голема иднина за нивна соработка“, истакна Ву Кент во своето обраќање пред присутните.

Фактот што бизнис форумот во Гвангжу беше организиран во соработка со групацијата Веибо и на него учествуваа поголем број на партнери на компанијата Веибо, дава поголеми шанси за реализација на потенцијални странски инвестиции во Република Македонија.

Biznis Forum vo Gvangdong NR KIna-7 (1)

„Имавме добра и одлична посетеност на голем број на компании, а посебно е значајно што голем дел од овие компании се партнери на Веибо групацијата која веќе донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи над 5 000 луѓе. Тоа ја зголемува шансата да и овие компании што се нејзини партнери да се одлучат да го следат тој пат и да ја искористат добрата бизнис клима и да инвестираат во Македонија со цел да се отворат нови работни места“, изјави вицепремиерот Ставрески по завршувањето на бизнис форумот.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски утре ќе одржи работна средба со менаџментот на Веибо на која ќе се разгледуваат идните планови за реализација на проектите и за развој на односите помеѓу двете страни.