Кинескиот град Макао има рекордна заработувачка од коцкање во светот

Кинескиот град Макао има рекордна годишна заработувачка од коцкање од 45 милијарди долари, со што се зголеми минатогодишниот приход и се зацврсти на првото место на пазарот на игри на среќа на светот, покажуваат денешните објавени податоци.

Само во декември 2013, триесетина казина во Макао оствариле 4,2 милијарди долари што е за 18,6 отсто повеќе од лани, пренесува АП.

Аналитичарите проценуваат дека приходите од коцкање во Макао, веројатно се седум пати поголеми од заработките остварени во Лас Вегас во САД.

Коцкањето во оваа поранешна португалска колонија, процвета откако кинеската влада пред една деценија го укина монополот и им овозможи на странците да вложуваат.

Сите шест казино-оператори вложуваат милијарди долари во нови мегапроекти во Макао кое е одалечено еден час возење од Хонг Конг.

Приходите од коцкање во Макао предизвикуваат љубомора на останатите пазари на игри на среќа во Азија, кои сега бараат начин како да го остварат успехот на овој јужно кинески град.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.