сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 17

Кинескиот пазар – потенцијал за македонските компании

На денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК) предводена од Александар Зарков, оперативен директор на ССК, се дискутираше за економската соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина и можностите за зголемување на извозот на македонските производи во Кина како еден од најголемите пазари во светот.

Preskonferencija-27.4.2016

Поврзани вести

На денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК) предводена од Александар Зарков, оперативен директор на ССК, се дискутираше за економската соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина и можностите за зголемување на извозот на македонските производи во Кина како еден од најголемите пазари во светот.

Сојузот на стопански комори на Македонија изминатата година присуствуваше на самит на шефовите на владите на земјите од Централна и Источна Европа кој се одржа во Суџоу, НР Кина, кој отвори нови можности за македонските компании за соработка, зделки и пристап до кинескиот пазар, кои се од корист за целото стопанство. Дополнително, во рамки на официјалната посета на Кина, претседателот на ССК, Данела Арсовска, оствари средба со All-China Federation of Industry and Commerce (ACFIC), најмоќната комора во оваа земја, која има над 4 милиони членови, а на средбата потпишаа и Меморандум за соработка, со кој се официјализира договор за конкретен проект и директен пристап на најголемиот азиски пазар за македонските компании. Имено, со потпишувањето на овој договор се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентирани компании во Кина, како и полесен пристап на потенцијалните кинески компании кои својот интерес за инвестирање го гледаат во Република Македонија.

Според обемот на трговска размена, Кина е меѓу првите десет трговски партнери за Република Македонија. Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2015 година извозот на Македонија во Кина изнесува 129 милиони евра, додека пак увозот од Кина во Македонија е 352 милиони евра.  95% од Македонскиот извоз во Кина се должи на извозот на Фероникел, по кој следи извозот на мермер и вино, а увозот од Кина го сочинуваат телефонските апарати, компјутери, телевизори, текстилни производи, климатизери и сл.

Имено, во насока на продлабочување на соработката и создавање на конкретни можности за промоција на македонските производи на кинескиот пазар, Сојуз на стопански комори на Македонија соработувајќи со Министерството за трговија на НР Кина, спроведува активности за учество на Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо, НР Кина, кој ќе се одржи од 9-12 Јуни 2016 година, во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“. Можностите за извоз се во следните сектори: прехранбена индустрија, фармацевтска индустрија, ИТ секторот, производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци и високотехнолошки производи.

Имено, Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо претставува меѓународен настан кој ги обединува можностите за инвестирање на компаниите но и за остварување на конкретна трговска соработка со компании од НР Кина и компании од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), преку прикажување на повеќе од 3.000 видови на производи, од различни бизнис сектори и каде ќе присуствуваат компании од 16 земји од ЦИЕ заедно со 45 бизнис делегации на посетители. Во рамки на саемот, покрај можноста за посета на илјадници изложувачи од НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, ќе се одржи и Инвестициски форум на кој учество ќе земат компании и претставници од НР Кина и земјите од ЦИЕ и на кој ќе можат и македонски компании да присуствуваат, а дополнително ќе имаат можност и да учествуваат на конференции, форуми, како и културни манифестации.

Врз основа на потпишаниот договор за соработка помеѓу ССК и Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, организаторот на саемот за компаниите членови на ССК овозможи повеќе поволности како на пример: бесплатен стандарден штанд, бесплатен транспорт од аеродром до хотел, бесплатен локален транспорт и ручек за време на саемот, како и бесплатен превод на англиски јазик, а исто така, Сојуз на стопански комори на Македонија асиститира и при логистичка поддршка на компаниите.

Дополнително, за времетраењето на саемот ќе се отвори првиот македонски дегустациски изложбен простор, кој се наоѓа веднаш до саемот во Нингбо, и ќе биде функционален цела година. За сите македонски компании кои сакаат со нивните производи да бидат дел од овој изложбен простор, ќе биде обезбеден бесплатен транспорт од Македонија до Кина, а рокот за пријавување за истиот е до 10.мај, 2016 година. Од македонска страна, веќе се испратени производи од 8 компании, а за дополнително пријавените компании, се подготвува и втората пратка за Кина. За оваа цел, на денешната Прес конференција е и официјалниот застапник на дегустациско изложбениот простор за Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина, Томислав Сумич. Изложбениот простор е креиран со намена за директна промоција и продажба на македонските производи на кинескиот пазар во текот на целата година.

Најчитани вести