Кинескиот претседател имал застрашувачко детство

Кинескиот претседател Си Џинпинг е еден од најмоќните луѓе во светот. Си, кој дојде на власт во 2013. година е познат како исклучително затворена личност, но она малку што се знае за неговиот живот и детство е застрашувачки.

„Њујорк Тајмс“ неодамна објави напис во кој кој се пружа увид во тешкото тинејџерство на кинескиот претседател.

Татко му бил министер за пропаганда во Комунистичката партија, што во првите години од животот му овозможило да живее на висока нога, а помеѓу останатото и да посетува една од најдобрите школи.

Меѓутоа настанал пресврт во времето на кинеската културна револуција, кога Мао се одлучил да се пресмета со партиската елита. Таткото на Си во 1962. година е обвинет дека ја поддржал книгата која Мао воопшто не ја сакал и е испратен на принудна работа во фабрика. Пет години подоцна, таткото на Си е обвинет дека за време на посетата на Источна Германија со двоглед го набљудувал кинескиот ѕид што дополнително ја влошило ситуацијата.

Дете на „црната банда“

Во тоа време и во животот на Си настанал пресврт. Го сметале за дете на „црната банда“, а добрата школа во која учел се нашла на мета дека е поврзана со Културната револуција.

Школски другар на Си тврди дека тие двајца биле „најцрни“ во класот и дека ужасно ги малтретирале. Постарата сестра на Си, споед зборовите на „Њујорк Тајмс“ не можела да го издржи притисокот, поради што извршила самоубиство.

Припадниците на Црвената гарда го протерале Си, се заканувале дека ќе го убијат и јавно го понижиле.

-Во еден момент, милитантите го изведоа Си и пет возрасни личности на бина пред луѓе собрани на митинг, вели Јанг Пинг, соработник на таткото на Си, кој додава дека Си парадирал пред масата народ и едвај го издржал металниот товар кој го натерале да го носи над главата.

На неговата мајка не и преостанало ништо друго освен тоа да го издржи, додека седела пред бината. Кога сите извикувале „Доле Си Џинпинг“, таа била присилена да ги подигне рацете и да го извикува истото заедно со останатите.

Повторна средба со татко си

Кога таткото и синот повторно се сретнале во 1972. година, таткото кој преживеал мачење и сослушувања, прво не го препознал својот син. Меѓутоа откриле нешто заедничко – двајцата биле пушачи.

-Таткото, скршен и дезориентиран по повеќегодишниот живот во изолација и сослушување ги погледнал своите двајца веќе возрасни синови и не можел да ги препознае, се наведува во книгата на неговиот татко, во која е цитиран разговорот со Си Џинпинг. Стариот маж заплакал, а Си му понудил цигара.

 

Поради сето ова Си има исклучително цврсто сфаќање за политиката.

-Луѓето кои имаат мало искуство со моќта, оние кои биле далеку од неа ја сметаат за мистериозна и необична. Јас гледам работи под површината: моќ, цвеќе, слава и аплауз. Гледам затвори и превртливост во меѓучовечките односи. Ја разбирам политиката на подлабоко ниво, рекол Си во интервју во 2000. година.