Кинескиот вишок во размената со САД силно пораснал во мај

Кинескиот суфицит во трговската размена со САД силно пораснал во мај, покажуваат во петокот објавените податоци во Пекинг, откривајќи истовремено значителен пад на вишокот во размената со светот.

Во мај кинескиот суфиците во трговската размена со САД скокнал за 11,7 отсто на годишно ниви, достигнувајќи 24,6 милијарди американски долари, покажуваат податоците на кинеската Царинска управа. Во првите пет месеци од годинава вишокот првпат во историјата го надмина нивото од 100 милијарди долари, достигнувајќи 104,8 милијарди долари.

Во размената со светот кинескиот вишок во мај е намален на годишно ниво за дури 38,9 отсто, потонувајќи за 24,9 милијарди долари. Извозот притоа пораснала за 12,6 отсто, а увозот за 26 проценти, покажуваат податоците од истиот извор.

„Изразено високите мајски бројки се резултат на неизвесноста којашто ја генерираат преговорите за трговијата. Ризиците за извозот силно пораснаа, па извозниците го забрзаа увозот на компоненнтите потребни за реекспорт“, појаснува за агенцијата Bloomberg News Ајрис Панг, економистка во „ING Groep NV“.

Ваквите податоци би можеле да придонесат за зацврстување на ставот на Вашингтон во врска со одлуката уште следната седмица да воведе нови царини на увозот на кинески производи во износ од десетици милијарди долари. Пекинг, пак, предупреди дека таквиот потег би ги поништил договорите коишто двете земји ги склучија по повеќемесечните преговори.

Огромните нерамнотежи се главната причина за незадоволство на американскиот претседател Доналд Трамп, како што тој вели, од неправедната трговска политика на Пекинг којашто им штети на американските компании и ги уништува работните места во САД. Трамп побара американскиот дефиците во размената со Кина во текот на две години да биде намален за 200 милијарди долари.

Се очекува дека трговијата ќе биде главната тема на претстојните разговори на челниците на групата седумте најразвиени земји во светот Г7 во Канада. Кина не е членка на оваа група, а домаќинот Канада и водечките европски земји ги предупредуваат американскиот претседател дека нема да отстапат по прашањето на царините воведен на американскиот увоз на алунимиум и челик од 10 односно 25 отсто.