Кинеските компании заинтересирани за инвестирање, можност и за македонските фирми

Инаку, Петтиот Трговско-економски форум се одржува паралено со отворањето на Самитот на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа  во Суџоу, каде присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.

Според Груевски, насоките од активностите во Суџоу трасираат нови интересни можности со широк спектар на соработка и истовремено ja продлабочуваат веќе воспоставената соработка.

Груевски се обрати на Самитот на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа
Груевски се обрати на Самитот на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа

Веруваме дека секоја држава, независно од големината на нејзината територија или население, може да го пронајде своето место под сонцето на глобалната економска сцена. Република Македонија веќе ја препозна и прифати можноста понудена од страна на Владата на Република Кина за финансирање инфраструктурни проекти во рамките на формираниот кредитен фонд со„Варшавската иницијатива“, истакна Груевски кој додаде дека Македонија е првата држава којашто потпиша конкретен договор за искористување на дел од предвидените средства за овој регион, имплементирани во изградбата на двете нови автопатски делници кои во моментов се во фаза на изградба.

Самит на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа
Самит на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа

Кинескиот премиер Ли Кечианг во обраќањето ја истакна подготвеноста за  инвестирање на кинеските компании, но и ги повика компаниите од Европа да влезат и инвестираат на кинескиот пазар како место со неограничени можности.

Во нашата публика денес имаме големи компании, и се надевам дека бизнис лидерите од Централна и Источна Европа ќе постигнат договори со нивните кинески партнери и облици на соработка од сите видови. Се надевам дека инвестициите на кинеските компании во Централно и Источна Европа ќе растат најмалку двојно. Јас денес им посакувам добредојде на компаниите од вашите земји, и ги повикувам да инвестираат тука во Кина. Вкупниот обрт на кинеските компании во Централна и Источна Европа достигнуваа до 40 проценти од вкупниот обрт на Кина во Цела Европа, истакна  Кечианг.