Кинеските комунисти веројатно ќе ги вклучат теориите на Кси

Кинеската владејачка Комунистичка партија се согласи дека партискиот устав, а се очекува дека ќе ги вгради во него политичките теории на претседателот Кси Џинпинг, пред партискиот конгрес следната седмица на кој се очекува дека Кси ќе ја зацврсти својата моќ, пишуваат медиумите.

Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина во саботата го одобрил претходно најавениот предлог за измени на партискиот статут, кој сега ќе биде проследен до Конгресот на формално усвојување.

Во опширниот извештај кој партијата го објави преку социјалните медиуми, се истакнува пофалбата за изминатите пет години под водство на претседателот Кси Џинпинг, особено успехот во борбата против корупција, но не се наведува кои негови мисли ќе бидат вклучени во партискиот устав.

Клучната мерка на моќта на Кси ќе биде дали ќе може да постигне неговото име да биде „крунисано“ во партискиот устава издигнувајќи го на ниво на претходни водачи, како мисилте на Мао Це-тунг или теориите на Тенг Хсиао-пинг.

Кога станува збор за подоцнежните претходници на Кси, како Џианг Земин и Ху Џинтаот, и во двата случаи партискиот устав беше изменет за да се вклучат нивните главни мисли, но директно не беа додадени нивните имиња.

Во делот од изјавата во којшто се споменуваат теориите на поранешните водачи, се наоѓа и референцата со којашто се проткаени „низата важни говори и нови концепти на генералниот секретар Кси Џинпинг, како и неговите нови размислување и новите стратегии на раководење“, со што се навестува дека таа формулација би можело да биде употребена.

Кинериската Комунистичка партија, исто така, има намера да ја задржи доследноста на „Четирите сеопфатности“ на Кси, коишто се однесуваат на тоа Кина „сеопфатно“ да работи на изградбата на умерено напредно општество и јакнењето на реформите, владеењето на правото и партиската дисциплина, како и „Четирите големи“ кои се фокусираат на партиската изградба и подмладување на државата.

На четиридневната пленарна седница на Централниот комитет, исто така, ќе биде одобрен извештајот за истрагите на поранешните висико функционери кои се обвинети или се осудени поради корупција.

Откако ја презема власта пред пет години, Кси започна остра капања против длабоко вкоренетата корупција и во тој период се казнети повеќе од милион лица, а десетици високи партиски функционер беа осудени и затворени. Комунистичката партија вети дека кампањата, којашто ја надгледува блискиот соработник на Кси, Ванг Чишан, никогаш нема да заврши.

Конгресот во среда ќе го отвори партискиот лидер Кси Џинпинг со својот говор кој строго се чува во тајност, но познато е дека ќе биде насочен повеќе на идеологијата отколку на конкретни политички состојби.