Кинеските спасувачи забележаа мистериозни објекти

Екипите на кинеската истражувачка  мисија кои го бараат исчезнатиот  авион на „Малезија Ерлајнс“ јавија дека забележале два сомнителни објекти во јужниот дел на Индискиот океан денеска, што е нова трага во долгата и интензивна потрага, пренесе Си-Ен-Ен.

Според австралиските власти, американски авион опремен со највисоката технологија го ла пребарокеанот, но не можел да ги мапира објектите за кои се претпостаува дека се од исчезнатиот авион.

Според кинеската новинска агенција, авион забележал “две релативно големи објекти кои пловеле во океанот, а во радиус од неколку километри се забележани неколку помали“.

Но, кинеската Влада денеска соопшти дека не може да потврди дали објектите, што претходно денеска беа забележени од кинески воен авион, се поврзани со исчезнатиот авион во кој имаше 239 патници.

Според портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хонг Ли, утре се очекува кинески бродови да почнат да пристигнуваат во регионот за пребарување во јужниот дел на Индиски Океан.

Австралиските власти, кои ја водат потрагата по евентуални остатоци од авионот на летот МН370 на „Малезија рлајнс“ во јужниот дел на Индиски Океан, соопштија дека регионот на пребарување, на 2.500 километри јужно од Перт, „нема да биде зафатен од тропскиот циклон Џилијан“.

Малезиските власти на крајот на минатата недела соопштија дека лошото време може да и попречи на потрагата по авионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.