Кинез направил пластична операција за да личи на Ким Џонг-ун

На 30-годишниот Кинез, Ванг Ли толку многу му се допаѓал изгледот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, па се подложил на пластична операција за да личи на него.

Тој и без операција потсетувал на севернокорејскиот лидер, меѓутоа сепак сакал да го „подобри својот изглед“ и сличноста со Ким.

Ванг стана познат откако се појавија негови фотографии со глумицата Лиу Зиван, која ја запознал додека бил во посета на еден пластичен хирург.