Кинез осуден на доживотен затвор поради корупција

Поранешниот заменик претседател на кинескиот Државен комитет за развој и реформи Лио Тенан е осуден на доживотен затвор поради корупција.

Судот во градот Ланфан го прогласи Тенан за виновен за примање на голем поткуп. Истрагата покажа дека во периодот 2002-2012 година додека осомничениот вршел различни одговорни функции извршил злоупотреба на службена положба во интерес на трети лица и за тоа добил поткуп во вредност од 35,58 милиони јуани, околу 5,18 милиони долари.

Во Кина во тек е најголемата во изминатите децении антикорупциска кампања, насочена и против поранешни високи функционери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.