Кинез се самозапали во парк

Триесет и тригодишен Кинез се самозапали синоќа во парк во источниот дел на Кина, притоа убивајќи едно лице и повредувајќи 24 други.

Тројца од повредените се во тешка состојба по експлозијата во Хуси Парк во градот Хецзе, во провинцијата Шандун.

Првичната истрага покажува дека станува збор за самоубиство, но не е јасно каков материјал бил користен за експлозијата. Самоубиецот е идентификуван како Се Синтан, 33-годишен локален невработен жител, кој имал цироза на црниот дроб, пренесува МИА.

Експлозијата се случила на влезот на паркот, каде локалните жители се собираат да гледаат кинеска опера и друга забава.