Кинез уби четири ученици

Маж вооружен со нож уби четири ученици во јужната кинеска провинција Гуангси.

Полицијата е во потрага  по средновечниот напаѓач, кој ги напднал децата додека оделе на училште. Три од нив починале на самото место на нападот, а едно од децата подоцна во болница им подлегнало на здобиените повреди.

Кинеската агенцијата Ксинхуа јави дека мотивите за убиствата засега не се познати.

Пред неполн месец во сличен инцидент, маж уби три деца и рани неколку други во основно училиште во друга кинеска провинција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.