Свет

Кинез уби три лица во училиште, па се самоуби

Кинез уби три лица во училиште, па се самоуби

Три лица се убиени, а шест се ранети во училиште во централна Кина. Маж со нож денеска упаднал во основното училиште во градот Шијан во провинцијата Хубеи, централна Кина и нападнал осум ученици и еден наставник. По нападот напаѓачот извршил самоубиство со скок од училишната зграда.

Според локалните медиуми, тој го извршил нападот бидејќи не можел да го запише своето дете во училишта. Полицијата се уште нема соопштено деталји за нападот.

Во Кина во текот на последните години извршени се повеќе напади врз деца, а во текот на 2010 година дури пет напади во кои загинаа 15, а повредени беа над 80 деца.