Магазин

Кинези градат мост од стакло на 400 метри висина

Кинези градат мост од стакло на 400 метри висина

На висина од 400 метри амбициозни кинески градежници решиле да изградат мост од стакло.

На планина во близина на градот Зхангјиајие, кинезите веќе го градат овој неверојатен и уникатен мост, кој ќе биде долг 370 метри, а широк 2.3 метри.

Ова ќе биде првиот мост целосно изграден од стакло.

kinezi500

За неговата изградба ќе се користи посебен вид на стакло, кој се користел и при изградбата на кинеската вселенска програма.

Проценките на кинеските градежници се дека изградбата на „стаклениот мост“ ќе чини 41,7 милиони долари, но прашањето е кој ќе има храброст да премине преку овој мост?