Кинезите го добија под концесија аеродромот во Тирана

Компанијтаа „China Everbright” од Кина го официјализира добивањето под концесија на аеродромот „Ринаси“ во Тирана.

– Преку официјално соопштение, кинеската компанија соопшти дека потпишала договор со „ Tirana Airport International“, со кој  добива право на коцесија на тиранскиот аеродром до 2017 година.

Компанијата не го наведува износот на трансакција,но наведува дека аеродромот ќе биде менаџиран од „Ken Dynamics”, конзорциум формиранм заедно со компанијата „Friedman Pacific”.

-„China Everbright” смета дека аеродромот во Тирана е аеродром со најбрз раст  во Европа и најава дека тоа е прв  од серијата купувања што ќе ги направи надвор од Кина, наведуваат локални медиуми.