Кинезите градат нов Дубаи во Шри Ланка

Главниот град на Шри Ланка, Коломбо за неколку години речиси ќе биде непрепознатлив. Имено, веднаш покрај познатото градско шеталиште и неговите железни топови кои пред многу години ги поставиле Холанѓаните за да се одбранат од непријателите, ќе никне целосно нов град- Порт Сити.

Гардијан пишува дека ова е резултат на иницијативата „Новиот пат на свилата“ на кинеската влада и претседател Кси Џинпинг во склоп на кој Кина преку инфраструктурни проекти го проширува своето глобално влијание. И додека во други држави се задоволуваат со изградба на нови патишта, пристаништа и мостови, Кинезите во Шри Ланка се одлучиле да изградат сосема нов град. Порт Сити ќе чини 1,4 милијарди долари и како таква претставува најголема поединечна директна инвестиција во историјата на Шри Ланка.

Ова е сосема нов град, кој ќе ја удвои големината на Коломбо. Драстично ќе го промени тоа парче земја рече Јанака Вијесундара, еден од поранешните менаџери во Управата за урбан развој на Шри Ланка.

Пристанишниот град ќе никне на 2,6 квадратни километри површина од земјата која ќе се вади од дното на Индискиот Океан. Се очекува околу 80.000 луѓе да живеат во градот, но 250.000 ќе бидат таму секој ден. Инвеститорот, кинеската компанија China Communications Construction Company, која е во државна сопственост,пристанишниот град го гледаат како мини-Сингапур кој како и градот-држава на југот на Азија треба да има свој даночен систем и политики за бизнис.

Американската компанија за архитектура, урбанизам и инженеринг, Skidmore, Owings & Merrill LLP го дизајнирала градот според моделот на Дубаи или на пристаништето на „канаринецот“ во Лондон. Агенциите за недвижнини велат дека во Порт Сити ќе има 1,5 милиони квадратни метри канцелариски простор, а приватните инвестиции во градот би можеле да се искачат до 13 милијарди долари.

Коломбо е клучното пристаниште за секој кој патува низ Индискиот Океан и повеќе од две илјади години фигурира како трговски центар. Идејата да се прошири бизнис-квартот на градот за првпат беше предложена во 2004 година, но 25-годишната граѓанска војна, која започна во 1983 година го одложи спроведувањето на проектот.
Кога војната во 2009 година беше доведена до крај Кина понуди да ја финансира реконструкцијата на Шри Ланка. Кина преку заеми на Шри Ланка и нејзиниот тогашен претседател Махинда Раџапакс значително влијаеше врз развојот на земјата по војната, но Раџапакс во 2014 година ги изгуби изборите поради наводна корупција и контроверзните кинески кредити. Проектот Порт Сити беше ставен “во фиока”, кога дојде на власт премиерот Ранил Викрамасинге, кој заклучил дека проектот може да му наштети на брегот на Коломбо.

Со критики се јавија и еколошките организации кои тврдат дека Порт Сити ќе ја наруши еколошката рамнотежа што е направено со отстранување на коралите, а ќе биде загрозена егзистенцијата на рибарите, како и луѓето кои ја транспортираат рибата на пазарите.
Тие тврдат дека изградбата на Порт Сити ќе бара повеќе природни суровини отколку што реално може да бидат одржливо произведени од страна на Шри Ланка. За изградбата на пристанишниот град ќе бидат потребни 100 милиони кубни метри песок, што според нив е во вредност од 3,2 милијарди американски долари, двојно повеќе од почетната инвестиција на China Communications Construction Company. Исто така, зголемувањето на бројот на жители ќе доведе до зголемување на возењето на автомобили кои ќе го загадат воздухот преку границата што ја дозволува Светската здравствена организација.

И покрај овие забелешки, работите на Порт Сити продолжија во март 2016 година. Владата на Шри Ланка тврди дека договорот со Кинезите е проследен со анекси за заштита на животната средина. За да смири Индија, Шри Ланка го смени договор со инвеститорот кој пристанишниот град нема да го добие во трајна сопственост, туку ќе биде временски ограничена. Според последните прогнози, до крајот на оваа година треба да заврши црпењето на песокот, а првите згради во градот би требало да бидат готови во рок од четири години.

Договорот кој државата го потпиша со кинеската компанија се уште не е објавен, а правниот систем според кој ќе биде управуван градот исто така се уште не е дефиниран.