Кинезите нашле решение за пешаците кои не го тргаат погледот од мобилниот телефон

Многу градови имаат патеки за велосипедисти и мотoри, но постои место во Кина во кое постои нешто невидено, а тоа е патека за „зависници од мобилни телефони“.

Оваа невообичаена патека постои во градот Чонгкинг, еден од петте најважни градови во државата. Шеталиштето го забележал еден турист кој ја фотографирал невообичаената табла и ја поставил сликата на социјалните мрежи.

Сличен експримент направила „Национална географија“ во јули која на една страна на улицата ставила напис „без мобилни телефони“, додека на другата страна на тротоарот користењето било дозволено.

Овој експеримент не успеал нешто посебно, бидејќи најголемиот број на луѓе таблата не ја забележале, имајќи предвид дека биле окупирани со своите паметни телефони.