Свет

Кинезите од септември ќе изучуваат црногорски јазик

Кинезите од септември ќе изучуваат црногорски јазик

Црногорскиот јазик од септември ќе се изучува на државниот Универзитет во Пекинг, потврди амбасадорот на Црна Гора во Кина, Бранко Перовиќ.

На катедратата црногорски јазик ќе предаваат професори од Кина од кои еден докторирал на делата на Његош, објави весникот „Побједа“.

Владата на Кина оваа година им понуди на студенти на Црна Гора десет степендии во области на природните науки и за учење кинески јазик.

Во почетокот на годината на Унвиерзитетот во Црна Гора беше отворен Институт Конфучие со цел промовирање на кинеската култура и јазик и подобро запознавање на жителите на Црна Гора.