Балкан

Кинезите вложуваат 13 милиони евра во титов Кумровец

Кинезите вложуваат 13 милиони евра во титов Кумровец

Кинезите се заинтересирани да вложат 13 милиони евра во проекти во општина Кумровец, а реализацијата на инвестицијата според првите луѓе на таа општина и кинеската економска асоцијација (CSEBA) може да се случи побрзо.

Општина Кумровец започна во потрага по инвестиции кои би биле подготвени да учествуваат во ревитализација и изградба на туристичко рекреативен и научно-истражувачки центар во Кумровец и спомен парк „Јосип Броз Тито“.

ЦСЕБА во име на Кумровец, кон средината на април во Кина ќе ги претстави споменатите проекти на заинтересираните инвеститори.

Станува збор за вложување на околу 13 милиони евра, а началникот на општината Драгутин Улама изјави дека имотно-правните односи се решени и објектите се слободни за вложување.

Државата Хрватска на општината Кумровец и препушти решавање на проблемите со објектиоте кои не се во функција 20 години.

„Дваесет години бевме на маргините на случувањата од идеолошки причини, но свесни сме дека имаме значаен потенцијал, најпрво во туристичка смисла,“ изјави Улама.

Нормално, најголема улога во кинеската заинтересираност има Јосип Броз Тито, кој во Кина и денеска е почитуван.

Значаен дел во соработката ќе се однесува и на туризмот, имајќи предвид дека три загорски општини туристички соработуваат, па загорскиот туристички производ ќе се нуди на кинеските туристи, но и на туристите од Унијата на неврзаните.