Кинотека на Македонија со изложба и бесплатна проекција на филмови по повод 8-ми Септември

Со изложбата на филмски плакати „25 години филм во независна Македонија“ од утре Кинотека на Македонија во соработка со Агенцијата за филм се вклучува во одбележувањето на 25-годишнината од независноста на Македонија.

Покрај изложбата, во рамки на „Бела ноќ“, која се организира по повод 25-годишнината од независноста на Република Македонија, ќе бидат прикажани и три проекции на филмови од најновата македонска продукција.

Проекциите на филмовите „Лазар“, „До Балчак“ и „3 дена во септември“ ќе започнат на 7-ми и ќе завршат еден час после полноќ на 8-ми септември.

Од Кинотека на Македонија информираат дека влезот е бесплатен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.