Кипар е против санкциите за Русија

Никозија е против воведувањето на санкции во однос на Русија, што можат да доведат до негативни последици за економиите на земјите-членки на Европската унија, изјавил кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Изјавата на Касулидис дојде за време на состанокот на Советот на ЕУ на ниво министри за надворешни работи, на кој беше најавено воведувањето на санкции спрема „високи владини претставници на Русија, одговорни за кршењето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.