петок, 20 јануари 2017  |  Вести денес: 51

Кипар ги демантира тврдењата за отворање поглавја од пристапните преговори меѓу Турција и ЕУ

98553136

Последни вести

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис, како нереални ги оцени тврдењата дека после јуни ќе се отворат петте поглавја од пристапните преговори на Турција кон ЕУ, што еднострано се блокирани од Република Кипар, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Тврдењата на турскиот министер за ЕУ Волкан Бозкар се „недостојни за натамошен коментар“, рече Христодулидис за кипарското државно радио, истакнувајќи дека позицијата на Никозија е прифатена од сите партнери во Европската унија.

Турскиот министер соопшти дека „Анкара прифатила сега да се отвори само поглавјето  33, пред се, за да не се создава психолошко чувство кое ќе му попречи на решавањето на кипарскиот проблем’. Тој појасни дека Анкара поставила услов во втората половина од годината да се отворат пет преговарачки поглавја.

Прашан дали Кипар и „дал гол“ на Турција на средбата во Брисел, Бозкар одговори: „никој не може да ни даде гол“. Според него, на средбата во Брисел имало само една земја  која била против, имајќи го предвид Кипар, земјата врз која бил извршен притосок.

Турскиот министер уште кажа дека во јули ќе бидат укинати визите за турските државјани во замена за спогодбата за реадмисија.

– Во спогодбата со ЕУ ние поставивме услов дека доколку не се укинат визите  ние имаме право да ја укинеме спогодбата за реадмисија, додаде Волкан Бозкар.

Најчитани вести