Кипар и Грција ги разгледуваат можностите за меѓурегионална соработка

Меѓурегионалната соработка помеѓу Кипар, Грција Италија и Израел може да биде корисно средство за развој, изјавија вчера министрите за внатрешни работи на Кипар и Грција во заедничката изјава од Никозија, пренесуваат кипарските медиуми.

Основна тема на билатералната средба на министрите беше потпишувањето на меморандумот за воспоставување на „европски клуб за територијална соработка“ со учество на Кипар, Грција, Италија и Израел.

Кипарскиот министер за внатрешни работи ја коментира можноста за соработка меѓу четирите земји како многу корисна алатка, особено во моментите на длабока финансиска криза.