Кипар ќе го екстрадира киднаперот на авионот во Египет

Кипар се согласи на египетските власти да им го предадат Египќанецот кој минатата недела киднапираше патнички авион на компанијата „Иџипт Ер“, јавија кипарските медиуми.

Киднаперот Сеиф Ад Дин Мустафа (59) им се предаде на кипарските власти, откако го киднапираше авионот со 79 патници и членови на екипажот, кој леташе на релација од Александрија до Каиро.

По киднапирањето, Мустафа ги принуди пилотите да го пренасочат авионот кон Кипар и да слетаат на аеродромот во кипарскиот град Ларнака, каде набрзо ги ослободи заложниците и и се предаде на полицијата.

Првичната претпоставка беше дека станува збор за терористички чин, но потоа беше утврдено дека Мустафа само сакал да се види со неговата поранешна сопруга, која живее на Кипар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.