Кипар пред институционална криза

Односите на претседателот на Република Кипар и главниот обвинител на островската држава Костас Клиридис, се под закана од голема криза, а повод за неа е конечниот извештај на независен истражител во кои се осомничи за корупција заменик-главниот обвинител Рикос Еротокриту. Извештајот на истрагата исто вклучува и обвиненија кои Рикос Еротокриту ги формулирал и испратил на адреса на својот шеф , главниот обвинител во земјата.

Според истрагата, тој  е обвинет за „поткупување на службено лице и за земање поткуп“.

Заменик-главниот обвинител Еротокриту ги отфрли таквите обвинувања нарекувајќи ги „конспирација“, и рече дека очекува во нив да бидат вклучени и претходниот и сегашниот обвинител, а исто така и некои определени адвокати.

Како одговор по најавата на претседателот Никос Анастадијадис дека има намера да назначи криминални истрага која ќе пронајде уште факти поврзани со главното обвинителство, и Костас Клиридис издаде соопштение кое се толкува како евентуално поденсување на негова оставка.

Претходно пак, кипарскиот претседател објави соопштение во врска со изјавите на главниот обвинител дека има информации кои водат до заклучокот дека заменик-главниот обвинител бил поткупуван од самиот главен обвинител, а исто има и тврдења на Еротокриту за дејства на Клиридис кои треба да бидат истражени.

– Сметам дека сето што беше објавено треба да биде подложено на брза и објективна истрага, а министерскиот совет во рамките на уставот и законите да назначи независни истражители кои ќе ги соберат фактите, стои во сопшетнието на претседателот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.