Балкан

Кипарската влада положи заклетва

Кипарската влада положи заклетва

Новите членови на кипарската влада денеска положија заклетва по мини- реконструкцијата.

Таа реконструкција следи поради минатомесечното повлекување на Демократската партија од владата поради плановите за обнова на мировните преговори до отцепените кипарски Турци.

Поранешниот министер за комуникации, Тасос Мицопулос, е поставен за министер за одбрана, а министер за енергетика е Георгиос Лакотрипис, кој на почетокот на март ја напушти Демократската партија на Никола Пападопулос.

Пред неколку дена светските медиуми јавија дека кипарскиот претседател Никос Анастасијадис заменил тројца министри и дека за челник на Министерството за здравство е именуван познатиот генетичар и директор на Кипарскиот институт за неоурологија и генетика, Филипос Патсалис, за министер за образование и култура, Костас Кадис, за министер за комуникации, економистот Мариос Димитриадис, а сите останати членови ги задржале функцииите.