Кипарскиот претседател во болница поради зголемен притисок

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис е примен во болница во Брисел по обилното крварење од носот, кое според докторите е последица од зголемен крвен притисок.

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис истакна дека шефот на државата е примен денеска на лекување и ќе остане два дена под лекарски надзор, со цел да се избегне повторно крварење.

Шеесет и осум годишниот Анастасиадис замина во Брисел за да учествува на средба на лидерите на ЕУ, како и на разговори со челниците на Европската народна партија.

Неговите обраќања ќе им бидат поделени во писмена форма на сите лидери на двете средби.