Кире и ден денес ужива огромна репутација во Загреб

Ракометниот клуб Загреб и навивачите на овој тим се уште не го заборавиле Кире Лазаров и сето она што го направил македонскиот капитен за оваа екипа.

kire

На Фејсбук страницата на ракометниот тим на Загреб стои:

“Еден од играчите на Барселона, на чие враќање во Арената Загреб (иако во противнички дрес) најмногу му се радуваме е некогашниот “Загребаш”, еден, единствен и неповторлив Лазаров Кирил. Се гледаме Киро!!!”.

Мечот од четвртфиналето во ЛШ помеѓу Загреб и Барселона се игра на деветти април, додека реваншот ќе биде една недела подоцна.

Кире Лазаров со Загреб има освоено седум шампионски титули и пет пати триумфирал во националниот Куп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.