Кире Лазаров ѝ донесе нов трофеј на Барселона

Актуелниот ракометен шампион на Шпанија, Барселона ја тргна сезоната со трофеј откако во Суперкупот триумфира над Гранолерс (37-22).

Избраниците на Чави Пасквал одиграа фантастичен меч и сосема заслужено дојдоа до трофеј пред стартот на домашниот шампионат. На полувремето резултатот на семафорот гласеше 15-12, додека во вториот дел разликата стануваше сѐ поголема за на крајот да изнесува високи петнаесет гола.

Најефикасен поединец во редовите на Барселона беше токму нашиот ракометар Кире Лазаров кој постигна шест гола (еден од пенал), додека кај Гранолерс најмногу се истакна Толедо кој исто така постигна шест погодоци.

Извор: Sportmedia.mk