Кире Лазаров ги покажа и фудбалските квалитети

Традицијата во каталонскиот тим продолжи, а Кире Лазаров заигра на “Ноу Камп”.

lazarov1

Долгогодишна традиција во спортското друштво Барселона е кога некоја друга секција освен фудбалската ќе освои европска титула, за награда добива ревијален меѓусебен меч на легендарниот “Ноу Камп”.

Лазаров и другарите ја имаа таа чест додека Меси и соиграчите во спортскиот центар “Сант Жоан Деспи” се подготвуваа за финалето на Лигата на шампионите во Берлин.

lazarov3

Кире Лазаров и неговиот тим Барселона ја освоија Лигата на шампионите во ракомет откако во финалето го совладаа унгарски Веспрем со 28:23.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.