Спорт

Кире Лазаров и понатаму “жнее” награди

Кире Лазаров и понатаму “жнее” награди

Кире Лазаров продолжува да собира признанија за фантастичната ланска сезона во која македонскиот “бомбардер” освои се што можеше да се освои.

Нашиот ас беше избран во идеалниот тим на АСОБАЛ-лигата, како најдобар десен бек во елитното шпанско ракометно натпреварување.

Лазаров освои 28,9% од вкупниот број гласови за својата позиција, пред Луис Фелипе Хименез Реина од Ла Риоха (12,1%) и соиграчот на Кире од Барселона, Едуардо Гурбиндо (8,5%).

Интересно е што во идеалниот тим за првото коло се најдоа само ракометари на Барселона, па така најдобар голман е Гонзало де Варгас, најдобри крила Гудјон Валур Сигурдсон и Виктор Томас, бековската линија покрај Лазаров ја комплетираат Карабатиќ и Ентрериос, а за најдобар пивот избран е Јеспер Нодезбо.

Доминацијата на Барселона ја комплетираше Хави Пасквал со наградата за најдобар тренер и Виран Морос, кој повторно беше избран за најдобар дефанзивец во АСОБАЛ-лигата.