Кире Лазаров се огласи на ФБ: Македонија вечна!!!

Дестинација Нант-Париз-Доха!!! Нека ни е среќен патот и успешно првенството…Македонија вечна!!! – напиша капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, на својот фејсбук профил.

По одиграниот турнир во Франција, нашиот состав отпатува за Доха, каде ќе биде дел од светското ракометно првенство. Првата средба, против селекцијата на Тунис, Македонија ќе ја игра на 16 јануари во салата Лусаил, која може да прими 15.000 гледачи.

blag

Според последните прогнози на букмејкерите, Македонија е благ фаворит во дуелот со Африканците, па коефициентот за наша победа се движи околу 1.90, наспротив 2.20 за Тунижаните.

Извор: Курир