Кире Наумов во посета на Визбегово

наумов

Претставниците на Здружението, како што информира Кабинетот на Наумов, информирале за проблемите со кои се соочуваат компаниите кои се дел од оваа индустриска зона.

– Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година. И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите се уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и канализациска мрежа, како и патна инфраструктура, се вели во соопштението.

Наумов на средбата истакнал дека домашните компании ќе добиваат многу поголема поддршка од страна на државата затоа што, како што се наведува, тие се основа за раст на македонската економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.