Киргистан: Дневно се крадат по 32 невести

Иако во Киргистан се носи кривична одговорност за кражба на невестата, бројот на слични случаи во републиката не се намалува, пренесоа агенциите, повикувајќи се на изјава на поранешниот претседател на земјата Роза Отунбаева, која зборуваше на првиот Национален женски форум во Бишкек.

Според зборовите на Отунбаева секој ден во републиката со население од 5,7 милиони луѓе во просек се регистрираат по 32 кражби на невести. “Оваа цифра е на експерти на ОН”, вели поранешниот претседател. “Сега помножете 32 по 365 дена во годината и ќе добиете комплетната слика”.

Роза Отунбаева е разочарана од фактот дека овој обичај во Киргистан го оштетува имиџот на земјата и во очите на меѓународната заедница ја вбројува меѓу нецивилизираните држави.