Македонија,Политика

Кирил Божиновски реизбран за Генерален секретар на Влада

Кирил Божиновски реизбран за Генерален секретар на Влада

Кирил Божиновски е реизбран за генерален секретар на Владата на Република Македонија, пишува „Курир“.

Божиновски и во следните четири година останува генерален секретар на Владата, позиција на која дојде во јануари 2010 година, наследувајќи го Стојан Тодоров.

Божиновски е роден на 24 мај 1980 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” на политички студии при Правниот факултет во 2002 година. Магистрант е на Катедрата по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет “Јустинијан Први”. Божиновски работел во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа во Општина Гази Баба. Од 2006 година работи како раководител на Секторот за меѓународни односи и соработка во Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.

Во биографијата е наведено дека учествувал на многубројни обуки, форуми и конференции организирани од домашни и странски образовно-истражувачки институции и фондации.

Такир Хани од ДУИ е избран за заменик генерален секретар на Владата.