Кирил Георгиев победник на турнирот во брзопотезен шах на Алколоид

Вчера се одржа турнир во забрзан (рапид) шах на Алкалоид кој се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ.

Ова е најсилен турнир со рапид темпо на игра во Македонија, кој традиционално се одржува, а вкупниот награден фонд, обезбеден од компанијата Алкалоид АД изнесуваше 120.000 денари. Турнирот привлече многу голем број шахисти и љубители на шахот, достигнувајќи бројка од 145 учесници, од кои 32 со меѓународни титули, од 7 држави.

Победник на турнирот бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев со освоени 8 поени во деветте одиграни кола.

Неговиот сонародник, велемајсторот Борис Чаталбашев заврши на втората позиција со половина поен помалку.

Третото место му припадна на велемајсторот Трајко Недев, водено и најдобриот македонски натпреварувач со 7 поени.

Освен првите тројца парични награди добија и шахистите пласирани до 12.место.

Награди беа доделени и за најдобрите во следниве категории:

-до 2.199 рејтинг поени Елмаз Дрпљанин,

-жени Маја Величковски-Нејковиќ,

-до 1.999 Јанчо Ѓорѓевски,

-ветерани Илија Стошевски,

-У-18 Дејан Пејчиновски,

-У-16 Никола Николовски,

-У-14 Тони Лазов,

-У-12 Наталија Грабачева,

-У-10 Андреј Велјаноски,

-У-8 Иван Цапески.

Победничкиот пехар и наградата за првото место на Турнирот за новинари му припаднаа на Зоран Стерјовски од Македонска информативна агенција. 

IMG_7952 IMG_7976