Спорт

Кирил Лазаров и Билјана Црвенковска најдобри македонски спортисти за 2013 година

Кирил Лазаров и Билјана Црвенковска најдобри македонски спортисти за 2013 година

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ и репрезентативка Билјана Црвенковска, се најдобрите спортисти на Македонија за 2013 година. Двајцата одиграа важна улога во успехот на репрезентацијата изминатата година, а наградите ги добија на свечена церемонија во Музејот на македонската револуционерна борба.
Лазаров беше најзаслужен што Македонија се пласира наЕвропското првенство во Данска, а Билјана ја предводеше репрезентацијата до баражот против Шпанија за пласман на Светското првенство во Србија.
За најуспешен тренер наградата ја понесе Драган Атанасовски (кикбокс). Тој го водеше Димитар Ѓеорѓиев до златниот медал во дисциплината киклајт на Светското првенство во Анталија.

Признанието за најдобрите во 2013 година го добија женската и машка ракометна репрезентација, додека наградите за најдобри млади спортисти заминаа во рацете на БератЈакупи (карате) и Лина Ѓорчевска (тенис).

Најорганизирана федерација е Ракометната федерација на Македонија, а најдобар спортиест со инвалидитет е Андреј Стојановски (пливање).