Спорт

Кирил Лазаров и оваа година во идеалниот тим на Лигата на шампионите

Кирил Лазаров и оваа година во идеалниот тим на Лигата на шампионите

Ракометарот на Барселона и на македонската репрезентација Кирил Лазаров повторно е избран во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. Тој доби 42,04 отсто од гласовите и ја победи конкуренцијата на Вугринец и Наџи. Ова претставува ново големо признание за континуитетот на Лазаров.

Идеалниот тим на Лигата на шампионите изгледа на овој начин:

голман: Никлас Ландин (Рајн-Некар) 44,03 отсто гласови
лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) 36,11 отсто гласови
лев бек: Момир Илиќ (Веспрем) 54,60 отсто гласови
среден бек: Микел Хансен (ПСЖ) 43,99 отсто гласови
десен бек: Кире Лазаров (Барселона) 42,04 отсто гласови
десно крило: Лук Абало (ПСЖ) 42,73 отсто гласови
кружен напаѓач: Ренато Сулиќ (Веспрем) 56,45 отсто гласови
дефанзивец: Тимушин Шуч (Веспрем) 49,27 отсто гласови