Магазин

Киро Урдин ќе изложува во Кина

Киро Урдин ќе изложува во Кина

Македонскиот сликар Киро Урдин од 7 до 12 јуни со свои дела ќе се претстави на Деновите на економска, трговска и културна размена на државите од ЈИЕ во Кина. Урдин гостува на покана на Нингбо Музејот на уметноста, пренесе МИА.

Покрај Урдин, како претставник од Македонија, ќе се претстават и уметници од Србија, Босна, Словенија, Бугарија, Азербејџан, Грузија, Чешка, Словачка и Романија.

Ќе бидат изложени неговите дела на платно „ Harmony“ , „Crystal Movement“ ,  „First Secret “ , „Gray matter“ , „Venezia Dream“  ,„Forbidden City “, „Another Galaxy“  и „Organic Feeling“, Делата се избрани од музејот, а се подготвува и каталог.

Во моментов 15 дела на Урдин се изложени на грушна изложба во Mouche Galery  во Беверли Хилс.