Кисела Вода, Центар и Студеничани во понеделник без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека во понеделник, 23.06.2014 година, без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Центар и Студеничани.

Во соопштението се наведува дека корисниците од улицата Пандо Кљашев ќе останат без електрично напојување во периодот од 8:30 до 12 часот во општина Кисела Вода. Во Центар, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 218 и објектот на Министерството за култура од 10 до 13 часот.

Од 9 до 16 часот, пак, без електрично напојување ќе останат корисниците од селото Батинци во општина Студеничани.