Кисела Вода денеска без вода

Поради дефект на водоводната мрежа денеска без вода останаа жителите од населбите Пржино и Црниче во општината Кисела Вода, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Како што додаваат оттаму, дефектот е настанат на улицата Востаничка број 80, а без вода останале желите од бројот 60 до бројот 90.

Дефектот е настанат во 12:20 часот, а екипи на претпријатието работат на терен на негово остранување.