Кисела Вода доби мини плоштад со игралиште

Нов простор за игра за дечињата и мирно катче за одморање, добија жителите на населба Кисела Вода.

Комплетно е завршена изградбата на мини плоштадот со детско игралиште во близина на економското училиште “Васил Антевски Дрен”.

Просторот од околу 400 квадратни метри е целосно уреден, со клупи, канделабри и парковско зеленило, а  во  паркот има фонтана. Детското  игралиште, пак,  е снабдено со сите реквизити кои им се потребни на најмладите жители на општината, со кои, во безбедно опкружување, ќе можат да го поминуваат своето слободно време, дружејќи се со врсниците.